Раниери се откажа од искусниот дефанзивец: Ермосо ќе игра во Леверкузен
- Баер Леверкузен официјално го ангажираше 29-годишниот дефанзивец Марио Ермосо од италијанскиот клуб Рома на позајмица. Договорот за изнајмување е до крајот на сезоната.

Леверкузен, 31 јануари 2025 (МИА) - Баер Леверкузен официјално го ангажираше 29-годишниот дефанзивец Марио Ермосо од италијанскиот клуб Рома на позајмица. Договорот за изнајмување е до крајот на сезоната.
Ермосо е производ на академијата на Реал Мадрид, а играше и за Еспањол и Атлетико Мадрид.
Шпанецот минатиот септември стана играч на Рома. Настапи на 13 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.
Актуелниот договор на играчот со римскиот клуб е до летото 2027 година. дс
Фото: Архива