• вторник, 24 декември 2024

Рама и социјалистите го поздравија договорот меѓу Белград и Приштина

Рама и социјалистите го поздравија договорот меѓу Белград и Приштина
Тирана, 4 септември 2020 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама го поздрави потпишаниот договор меѓу Белград и Приштина, оценувајќи го притоа како „продолжување на патот за конечно признавање“, јави дописничката на МИА од Тирана. -Потребен е дијалог за се, соработка за денес и инсистирање на она што е потребно утре. Жалам за изгубеното време за согласноста на Косово со регионалниот Шенген, но благодарение на пријателска Америка и овој ќор-сокак заврши, наведува Рама. Тој понатаму додава дека мирот на Косово со Србија не се прави со виртуелни мечеви или со етикетирање на предавници, индиректно одговарајќи им на оние кои го обвинуваа за предавство на Косово поради идејата за размена на територии и посочува дека денеска се докажало дека нема предавници. - Признавањето на Косово од страна на Израел е фантастичен плод на овој договор со голем потенцијал за развој, но и пример за сите дека борбата за конечен мир со Србија не се прави ниту со виртуелни мечеви против Белград, ниту измислени предавници, вели Рама. Договорот го поздрави и вториот човек во владејачката Социјалстичка партија и координатор на пратеничката група Таулант Бала, искажувајќи максимална оценка за косовскиот премиер Абдулах Хоти за постигнатиот договор. - Регионалниот Шенген не бил српски план за економска „окупација“ на регионот, како што обвинуваа некого овде во Тирана дека не се двоуми Косово да ги искористи како поле за политичка игра. Регионалниот Шенген е историска неопходност денес за проширување на просторот за слобода на движење за луѓе, стоки, услуги и капитал, напиша Бала. Тој искажа голема благодарност на САД, без чија поддршка и поддршката на другите европски пријатели, како што рече, „државата Косово никогаш немаше да се роди“. вт/

Остани поврзан