Рама и владиниот кабинет даруваа крв како конкретен израз на човечка солидарност
- -Дали сте свесни дека ова е многу позитивно за телото? Ова ве подмладува, ве регенерира, ја менува вашата крв, ве прочистува. Покрај фактот дека тоа е многу вреден придонес. Дека треба да се ставите во позиција на оние родители кои имаат деца со овие потреби, но и надвор од тоа, тоа е исто така многу позитивен развој за вашето тело, рече премиерот Рама.
Тирана, 8 јули 2025 (МИА) - Традицијата на доброволно дарување крв во просториите на владата, востановена од премиерот Еди Рама, продолжува како симболичен и солидарен чин за спасување животи.
Крводарителната акција беше под мотото „Дарувајте крв, дарувајте надеж: заедно спасуваме животи“.
Рама, кој е повеќекратен крводарител, беше заедно со вработените и упати апел за помасовно вклучување на граѓаните во овој хуман чин, додавајќи дека дарувањето крв е конкретен израз на човечка солидарност.
-Дали сте свесни дека ова е многу позитивно за телото? Ова ве подмладува, ве регенерира, ја менува вашата крв, ве прочистува. Покрај фактот дека тоа е многу вреден придонес. Дека треба да се ставите во позиција на оние родители кои имаат деца со овие потреби, но и надвор од тоа, тоа е исто така многу позитивен развој за вашето тело, рече премиерот Рама.
Докторката Виола Шано, раководител на одделот за собирање и обработка на крв во Националниот центар за трансфузија, го информирала дека има зголемување на бројот на луѓе кои доброволно даруваат крв, додека најголем број дарители се мажи.
Според неа во 2024 година биле прибрани 9.665 крвни единици во доброволни акции, како и 28.557 крвни единици при потреба односно фамилијарна крв.
Во првите пет месеци од годинава прибрани се 4.050 доброволни и 8.074 единици фамилијарна крв. вт/сд/
Фото: принтскрин Рама ФБ