• вторник, 24 декември 2024

Рама за Самитот на ЕУ: Не е некој спектакл да се гледа, на крајот ќе слушнеме „Не, простете ни“ 

Рама за Самитот на ЕУ: Не е некој спектакл да се гледа, на крајот ќе слушнеме „Не, простете ни“ 

Тирана, 21 јуни 2022 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама го доведе во прашање учеството на Албанија на Самитот на Европската унија, што ќе се одржи на 23. и 24 јуни во Брисел, јави дописничката на МИА од Тирана. 

Преку реакција на Твитер, тој наведува дека разговарал со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и додава дека гледа „не“ на крајот од Самитот. 

Засега не се знае дали ќе учествува на Самитот, но на крајот пишува „што треба да правам таму“.  

- Денеска долго разговаравме за Самитот на ЕУ, со лидерите на Србија и Северна Македонија. Се чини дека уште едно „Не, простете  ни!“ ќе биде она што ќе го слушнеме на крајот. Целата Унија киднапирана од Бугарија не е добар спектакл за гледање. Што ќе правиме таму?“, пишува Еди Рама. вт/паг/ 

Остани поврзан