• понеделник, 23 декември 2024

Рама: Разговорите се единствениот начин за решавање на конфликтот Украина - Русија  

Рама: Разговорите се единствениот начин за решавање на конфликтот Украина - Русија  

Тирана, 5 февруари 2022 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека разговорите се единствениот начин за решавање на украинско-рускиот конфликт, јави дописничката на МИА од Тирана.

 - Најпрво сакам да истакнам дека нашите позиции за ова прашање се јасни, добро познати, за мене начинот на решавање на оваа растечка тензија се преговори, начинот на изнаоѓање на сите можни причини за разговор, трпеливо барање заеднички јазик иако тоа може да изгледа тешко, рече Рама на заедничка прес-конференција со министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. 

Тој смета дека секој Албанец кој малку се интересира за оваа проблематика, „денес треба да се чувствува добро и како дел од таа заедница на вредности, во смисла на можноста што ни е дадена да дадеме придонес и фактот дека ја знаеме способноста да направиме дополнителен придонес“. 

 - Станува збор за создавање партнерство кое ќе го ангажира советот за безбедност на оваа тема и не само тоа. Имаме наш план во овој дел, ќе имаме можност да играме улога, искористувајќи ја тежината што ја дава САД на оваа двојка. За други аспекти, не сакам да коментирам, искажаното е јасно, немаше двосмисленост, во нашата тежина во оваа пресметка на слонови велиме  разговори и само разговори, додаде тој. 

Министерката Џачка изјави дека биле посветени на приоритетен третман во и околу Украина и оти ставовите на Албанија се јавни и се јасно изразени насекаде.  

- Ги поддржавме вредностите на кои се заснова НАТО, а кога станува збор за Украина ние го поддржавме нејзиното суверено право, НАТО е одбранбен сојуз, не ја загрозува ниту Русија, ниту кого било друг, но сакам да истакнам дека нашата позиција е намалување на тензиите и зголемување на дипломатскиот ангажман. Секој предизвик ги засега сите во ЕУ. Затоа ги осудуваме агресивните дејствија на Русија, се залагаме таа да делува преку меѓународното право и да влезе на патот на дијалогот, рече Џачка. 

Шефот на државата Илир Мета, по вчерашната средба со украинскиот амбасадор во Тирана, објави дека  Албанија е на страната на Украина во одбрана на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, а недоразбирањата да се решаваат преку дијалог. вт/паг/ 

Остани поврзан