• вторник, 19 ноември 2024

Раководството на Монпелје го отпушти тренерот Дер Закаријан

Раководството на Монпелје го отпушти тренерот Дер Закаријан

Монпелје, 21 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Монпелје, Лоран Николен, ја прекина соработката со тренерот Мишел Дер Закаријан.

- Сакам да ве информирам дека го раскинав договорот со Де Закаријан. Тој повеќе не е тренер на Монпелје. Со оглед на играта и ставот на фудбалерите што го видов, почувствував обврска да интервенирам и да ја прекинам нашата соработка. Вака не оди и одлуката е за доброто на клубот, изјави Николен з афранцуските медиуми.

Монпелје синоќа на домашен терен загуби од Марсеј со 5:0. По осум кола, тимот е на последното место во поредокот на францускиот шампионат со само четири бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан