• сабота, 23 ноември 2024

Радев потпиша указ за предлог-влада до бугарското Народно собрание

Радев потпиша указ за предлог-влада до бугарското Народно собрание

Софија, 5 јуни 2023 (МИА) - Бугарскиот претседател Румен Радев го потпиша указот на 49. Народно собрание со предлог на втората по големина пратеничка група за премиер Николај Денков, соопшти прес-службата на претседателот.

Указот е издаден по средбата со претставниците на „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“, кои претпладнето го вратија завршениот втор мандат за формирање влада.

„На Бугарија и требаат институции и политичари кои всушност се предводени од бугарскиот народ, кои работат за безбедност, правда и против корупцијата, како што очекуваат сите угледни бугарски граѓани. Да го зајакнеме суверенитетот на државата и да работиме на продлабочување на нашите европски интеграции“, порача Радев денеска на средбата со пратениците од ПП-ДБ.

Претседателот на Народното собрание (НС) Росен Желјазков за утре свика вонредна седница на чиј дневен ред се три точки - избор на премиер, усвојување на структурата на Советот на министри и избор на состав на кабинетот. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан