Радев: Бугарија ја споделува болката со македонските граѓани
- Бугарија ја споделува болката на граѓаните на Република Северна Македонија за пожарот во Кочани, во кој загинаа и беа повредени многу луѓе, напиша на Х бугарскиот претседател Румен Радев.

Софија, 16 март 2025 (МИА) – Бугарија ја споделува болката на граѓаните на Република Северна Македонија за пожарот во Кочани, во кој загинаа и беа повредени многу луѓе, напиша на Х бугарскиот претседател Румен Радев.
Шефот на бугарската држава разговарал со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и изразил сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски.
- Во контакт сум со премиерот Жељазков и Бугарија е подготвена да пружи медицинска помош, изјави Радев. јт/