Работнички спогодбено се раздели со тренерот Илиевски
- Милан Илиевски веќе не е шеф на стручниот штаб на ФК Работнички. По вчерашниот пораз (3:0) од Шкупи клубот постигна спогодбен раскин на договорот.
Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Милан Илиевски веќе не е шеф на стручниот штаб на ФК Работнички. По вчерашниот пораз (3:0) од Шкупи клубот постигна спогодбен раскин на договорот.
- Клубот му се заблагодарува на Милан Илиевски за досегашната напорна работа и му посакува среќа во понатамошната кариера. Во наредните денови ќе биде донесена одлука кој ќе го предводи тимот во наредниот период, информира ФК Работнички.
Прволигашот од „Дебар маало“ во следното 13. коло на домашен терен ќе го пречека Силекс. зс/