Работнички израмни во полуфиналната серија против Пелистер
- Кошаркарите на Работнички израмнија 1:1 во полуфиналната серија со битолски Пелистер од разигрувањето за титулата во македонската кошаркарска лига, откако вечерва во вториот домашен натпревар во СРЦ „Кале“ славеа со 75:69
Скопје, 3 мај 2024 (МИА) - Кошаркарите на Работнички израмнија 1:1 во полуфиналната серија со битолски Пелистер од разигрувањето за титулата во македонската кошаркарска лига, откако вечерва во вториот домашен натпревар во СРЦ „Кале“ славеа со 75:69.
Роберт Рикиќ беше најдобриот поединец во таборот на Работнички завршувајќи го мечот со 22 поени и 14 скока, а Бобан Стајиќ заврши со 15 поени.
Кај Пелистер расположен беше Јуре Планиниќ кој мечот го заврши со 23 поени и седум скока.
Серијата продолжува со два натпревари во Битола, првиот нареден е на 9 мај.
Утревечер пак се игра вториот меч од полуфиналната серија помеѓу актуелниот првак МЗТ Скопје и ТФТ во СЦ „Јане Сандански“. дс
Фото: КК Пелистер