Работник од Индија загина во ирански напад врз Кувајт
- Работник од Индија загина во ирански напад врз Кувајт, соопшти денеска кувајтското Министерство за енергетика.
Кувајт, 30 март 2026 (МИА) – Работник од Индија загина во ирански напад врз Кувајт, соопшти денеска кувајтското Министерство за енергетика.
Во објавата на Х се наведува дека работникот од Индија загинал во ирански напад врз постројка за електрична енергија и десалинизација.
Се истакнува дека нападот предизвикал значителна штета на објектот, како и дека техничките тимови работат за да обезбедат континуитет на виталните услуги. jт/мс/