• сабота, 23 ноември 2024

Работна средба на претседателот на Уставниот суд, Костадиновски и италијанскиот амбасадор Силвестри

Работна средба на претседателот на Уставниот суд, Костадиновски и италијанскиот амбасадор Силвестри

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) - Испитување на можностите за остварување на билатерална соработка помеѓу уставните судови на двете држави, била во фокусот на разговорите на денешната работна средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судијата, проф. д-р Ана Павловска-Данева со амбасадорот на Република Италија, Адреа Силвестри. 

Како што соопштија од Уставниот суд, претседателот д-р Костадиновски го информирал амбасадорот Силвестри за приоритетите во неговиот мандат.   

Амбадсадорот Силвестри, се наведува во соопштението, пројавил интерес за прашањата поврзани со обезбедувањето на независноста и самостојноста на Судот, како и за транспарентноста и отвореноста на Уставниот суд.

- На средбата беа разменети мислења на теми поврзани со реформирање на правосудниот систем, при што судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и д-р Костадиновски изразија надеж дека реформскиот процес во сферата на правосудството ќе се одвива во согласност со Уставот и во рамките на уставните принципи, се додава во соопштението. 

Амбасадорот Силвестри изразил поддршка за најавените приоритети и најавил дека лично ќе се заложи за унапредување на билатералните односи во полето на уставното судство и подобрување на севкупната соработка. цр/ев/

Фото: Уставен суд

 

 

Остани поврзан