• сабота, 09 ноември 2024

Работна средба на македонскиот амбасадор Марковски со лекторката Славица Свидерска

Работна средба на македонскиот амбасадор Марковски со лекторката Славица Свидерска

Тирана, 23 февруари 2024 ( МИА) - Во Македонската амбасада во Тирана денеска се одржа првата работна средба со лекторката по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, проф. д-р Славица Свидерска. 

-Свидерска детално информираше за почетокот со работа на лекторатот, интересот и бројот на слушатели, како и за наставната програма што ќе се реализира во текот на тековниот семестар. Потенцираше дека наставата ја посетуваат 19 студенти на почетно А1 ниво, како и тројца слушатели со повисоко Б2 ниво на познавање на македонскиот јазик, информираа од Амбасадата.

Свидерска посебно го потенцирала позитивниот пристап и поддршка од страна на деканката проф. д-р Есмералда Кромида и продеканката за меѓународна соработка проф. д-р Дрита Рира. 

Амбасадорот Данчо Марковски во придружба на неговите соработници изразил задоволство од досегашните активности, потенцирајќи дека лекторатот освен научно – образовната и културната димензија има и политичко значење. 

- Посебно се осврна на програмските активности на Амбасадата во делот на културно-образовната сфера во текот на годината, при што понуди вклучување на Свидерска во нивната реализација. Посебно ги истакна претстојните значајни датуми, 5 Мај - Денот на македонскиот јазик и 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, како и организирање предавања и поетски вечери, додаваат од Амбасадата.

Во делот на натамошната популаризација на лекторатот и привлекување нови слушатели,  Марковски се задржал на потребата од организирање на испити за заинтересирани лица за преведувачи, со оглед на нивниот исклучително мал број. 

Договорено е на следниот состанок да биде разменет оперативен план за заедничко делување. вт/мд/

Фото: Македонска амбасада во Тирана


 
 

 
 

 
 

Остани поврзан