• вторник, 25 март 2025

Пјастри: Среќен сум, ја заслужив оваа победа

Пјастри: Среќен сум, ја заслужив оваа победа

Шангај, 23 март 2025 (МИА) - Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри е победник на втората Формула 1 трка во сезоната, Големата награда на Кина. По трката изјави дека е горд и дека ја заслужил победата.

-Беше неверојатно од почеток до крај, болидот беше фантастичен цело време. Мислам дека бевме малку изненадени од тоа како се однесуваа гумите денес, но јас сум многу горд и среќен поради оваа победа. Мислам дека го заслужив ова по минатата недела. Многу сум среќен, тимот заврши одлична работа, среќен сум со двојната победа, изјави Пјастри за Би-Би-Си по трката.

Потоа се пошегува и со фановите во Шангај.

-Гледам дека има уште неколку фанови на Луис Хамилтон, но тоа е во ред. Ќе преобразиме некои од вас следната година. Ви благодариме што дојдовте, поддршката беше навистина неверојатна оваа година. Навистина уживав, рече Пјастри.

По две трки, Ландо Норис има 44 поени на врвот во генералниот пласман, пред Макс Верстапен кој има 36. Џорџ Расел е трет со 35, а по него е Пјастри со 34.

Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува со Јапонското ГП на „Сузука“ од 4 до 6 април. дс

Фото: Х/Формула 1

Остани поврзан