ПСЖ сака да ја подобри одбраната со ас на Ливерпул
- Пари Сен Жермен се насочи кон францускиот интернационалец Ибрахима Конате, кој покажува се подобри партии за Ливерпул. Парижаните бараат долгорочна замена за Маркињос, кој наскоро ќе наполни 31 година.

Париз, 15 февруари 2025 (МИА) - Пари Сен Жермен се насочи кон францускиот интернационалец Ибрахима Конате, кој покажува се подобри партии за Ливерпул. Парижаните бараат долгорочна замена за Маркињос, кој наскоро ќе наполни 31 година.
Самиот Конате со насмевка ја прифатил идејата да се врати во родниот град, според англиските медиуми. Дефанзивецот е производ на академијата на Париз ФК, по што се пресели во Сошо. Во 2021 година се пресели во Ливерпул за 36 милиони. фунти, кои беа платени на германски РБ Лајпциг.
Конате има 116 настапи за „црвените“, а неговиот актуелен договор е до 2026 година. дс
Фото: Принтскрин