• петок, 05 декември 2025

ПСЖ поразен од Ботафого, Атлетико го победи Сиетл

ПСЖ поразен од Ботафого, Атлетико го победи Сиетл

 

Пасадена, 20 јуни 2025 година (Бета) – Фудбалерите на Ботафого синоќа во Пасадена триумфираа над европски првак ПСЖ со 1:0, во натпревар од второто коло од групата Б на Светското клупско првенство.

Победничкиот гол за бразилскиот тим го постигна Игор Жезус во 36 минута.

Во вториот натпревар од второто коло на Групата Б, Атлетико Мадрид го победи Сиетл со 3:1,

Пабло Бариос му донесе водство на Атлетико во 11 минута, а Аксел Витсел го зголеми водството во 47 минута. Единствениот гол за Сиетл го постигна Алберт Руснак во 50 минута, а пет минути подоцна Бариос го постави конечниот резултат со својот втор гол на натпреварот.

По две кола во Групата Б, Ботафого е прв на табелата со шест бодови, Пари Сен Жермен е втор со три бода, колку што собра и третопласираниот Атлетико Мадрид, додека Сиетл е на последното место без освоен бод. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан