• сабота, 23 ноември 2024

ПСЖ му понуди на Кварацхелија петгодишен договор со плата од 7,5 милиони евра

ПСЖ му понуди на Кварацхелија петгодишен договор со плата од 7,5 милиони евра

Рим, 25 јуни 2024 (МИА) - Пари Сен Жермен му понуди на напаѓачот на Наполи, Квича Кварацхелија, 5-годишен договор со плата од 7,5 милиони евра по сезона, тврди „La Gazzetta dello Sport“.

Според италијанскиот весник, на почетокот на месецот ПСЖ имал неколку контакти со агентот на грузискиот фудбалер Мамука Џугели. 

Понудата, наводно е одобрена од застапниците на фудбалерот.

Во исто време, Наполи и главниот тренер Антонио Конте продолжуваат со обидите да го задржат Кварацхелија во тимот. Клубот подготви нацрт нов договор за фудбалерот, според кој неговата плата ќе се зголеми повеќе од тројно (од 1,5 на 5 милиони евра годишно со бонуси). Дополнително, договорот подразбира продолжување на соработката до 2028 година, како и вклучување на клаузула за предвремен раскин на соработката во висина од повеќе од 120 милиони евра.

ПСЖ моментално му нуди на Наполи 100 милиони евра за трансферот на играчот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан