ПСЖ го одложи дербито за титулата во француското првенство
- Европскиот и француски шампион ПСЖ успеа во својата намера и го одложи дерби дуелот со Ленс од домашното првенство
Париз, 26. март 2026 (МИА) – Европскиот и француски шампион ПСЖ успеа во својата намера и го одложи дерби дуелот со Ленс од домашното првенство. Овој натпревар од 29. коло на Лига 1 ПСЖ треба да го игра викендот (11. април) меѓу двата дуела од Лигата на шампионите со Ливерпул. Натпреварот го одложија првите луѓе на Лига.
Но, противникот на ПСЖ, Ленс не сака да се согласи со одложување, особено што натпреварот може да го реши и прашањето на првак на Франција за оваа сезона. Ленс во моментов има 59 бодови и се наоѓа на второто место на табелата, еден помалку од ПСЖ.
Инаку, ова нема да биде единствениот одложен натпревар на ПСЖ поради настапите во Лигата на шампионите. Претходно беше одложен дуелот од 26. коло со Нант и тој дуел ќе се игра на 22. април. мн/
Фото: ЕПА