• четврток, 26 декември 2024

Проштална средба на министерот Османи со британската амбасадорка Галовеј

Проштална средба на министерот Османи со британската амбасадорка Галовеј
Скопје, 14 јуни 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Скопје, Рејчел Галовеј, на која двајцата соговорници ги поздравија одличните билатерални односи што постојат меѓу двете пријателски земји, изразувајќи заемно задоволство од интензивниот политичкиот дијалог и развиената меѓусебна трговска соработка. Како што соопшти МНР, Османи се заблагодари за активниот ангажман и посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и економскиот просперитет на Западниот Балкан, како и за континуираната британска поддршка на европските интеграции на нашата земја и напорите на Лондон во одржувањето на силни партнерски односи со нашата земја во рамки на НАТО. - На средбата стана збор и за руската инвазија врз Украина, ризиците од пошироки импликации на кризата, како и ургентноста од поблиска соработка меѓу Европската Унија и НАТО за зачувување на безбедноста на европско тло. По повод завршувањето на дипломатската мисија, министерот Османи ѝ врачи плакета-благодарница на амбасадорката Галовеј за нејзиниот личен ангажман и активен придонес за унапредување на билатералните односи и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, се додава во соопштението. сп/

Остани поврзан