• сабота, 23 ноември 2024

Протест на рударите и пензионерите пред албанскиот Парламент

Протест на рударите и пензионерите пред албанскиот Парламент

Тирана, 19 октомври 2023 (МИА) - Пред албанскиот Парламент денеска протест одржаа рудари и пензионери, кои бараат Собранието да усвои закон за  статусот на рударите и одлука за зголемување на пензиите, јави АТА.

Протестот го почнаа пред почетокот на пленарната седница на законодавниот дом.

Пратеникот на опозицијата Оерд Булукбаши им пријде за да ја гарантира поддршката од опозицијата, но рударите и пензионерите побараа да замине, бидејќи не сакаа вмешаност на политичари во нивната иницијатива, додава агенцијата.

За време на протестот имаше и судири со полицијата, кога пензионери и рудари се обидоа да се приближат до дворот на Парламентот на Албанија.

Во меѓувреме продолжуваат протестите и бојкотот на наставата од страна на студентите по медицина. 

Тие бараат повлекување на законот, усвоен од парламентот во почетокот на јули годинава, со кој се воведува задолжителна работа во рок од 5 години по дипломирањето, по што ќе може да ја добијат дипломата. вт/ссм/

Остани поврзан