Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
- Во Нови Сад денеска напладне почна протестниот марш на универзитетските наставници, истражувачи и студенти „4.000 наставници, 4.000 чекори“.

Белград, 18 јануари 2025 (МИА) - Во Нови Сад денеска напладне почна протестниот марш на универзитетските наставници, истражувачи и студенти „4.000 наставници, 4.000 чекори“, пренесува Бета.
Студенти, наставници и граѓани се собраа на Академијата за уметности и во 11:52 часот одржаа 15-минутен молк за жртвите од уривањето на настрешницата на Железничката станица на 1 ноември.
Студентите и професорите на Медицинскиот факултет организираа посебна поворка за да се сретнат со наставниците и колегите кои ги чекаа на Академијата за уметности.
Насобраните носеа големи транспаренти „Сите штрајкуваат“ и „Професорите се со вас“, и скандираа „Оставка или затвор!“, „Нема да не газите!“, „Генерален штрајк!“ и „Образованието во штрајк!“.
Поради маршто блокирани с еповече улици во центарот на Нови Сад.са/
Фото: принтскрин