Пронајден починат затворник во КПУ „Идризово“
- Во СВР Скопје вчера во 10:00 часот било пријавено дека во Казнено - поправната установа Затвор Идризово бил пронајден починат В.Ѓ. (45) од Велес, кој издржувал казна затвор во установата.

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Во СВР Скопје вчера во 10:00 часот било пријавено дека во Казнено - поправната установа Затвор Идризово бил пронајден починат В.Ѓ. (45) од Велес, кој издржувал казна затвор во установата.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР. аа/дма/
Фото: МИА архива