Пронајдени коски слични на човечки и облека во скопското место наречено Сулејманови Ливади
- Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираа од МВР.
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Пронајдени биле коски слични на човечки и облека во скопското место наречено Сулејманови Ливади, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера, во 16.49 часот, во Секторот за внатрешни работи - Скопје е пријавено дека на местото наречено Сулејманови Ливади во село Горно Количани, Скопско, пронајдени се коски слични на човечки, а во близина е пронајдена и облека. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот - информираа од МВР. бд/сст/
Фото: МИА архива