• понеделник, 29 јули 2024

Пронајдена дрога и приведени две лица при претрес во Штип

Пронајдена дрога и приведени две лица при претрес во Штип
Скопје, 20 јули 2022 (МИА) -  Полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.Ш.(38) и Д.Ш.(36), во чиј дом е пронајдена марихуана. Како што информира денеска МВР, лицата биле лишени од слобода вчера попладне во 17:30 часот. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени саксија со канабис, исушени листови од канабис, дробилка, боев куршум за автоматска пушка и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/бак/

Остани поврзан