Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко
- Од страна на полициски службеници од БЈБ при МВР денеска на наплатна рампа Сопот, велешко, при преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја.

Скопје, 2 март 2025 (МИА) - Од страна на полициски службеници од БЈБ при МВР денеска на наплатна рампа Сопот, велешко, при преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја.
Како што соопшти МВР, известен е јавен обвинител од ОЈО Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ. нд/
Фото: Принтскрин од видео МВР