Промоција на романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во Битола
- Романот на годината за 2023 „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во издание на „ТРИ“, ќе биде промовиран вечер во „Везилка“ во Битола. Промотори на книгата ќе бидат Виолета Тачева Златева и Сашо Огненовски.

Скопје, 26 феврури 2023 (МИА) - Романот на годината за 2023 „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во издание на „ТРИ“, ќе биде промовиран вечер во „Везилка“ во Битола. Промотори на книгата ќе бидат Виолета Тачева Златева и Сашо Огненовски.
„Единствен матичен број“ е роман што ги синтетизира сите несреќи на ова тло во внатрешното отуѓување на човекот и во неодговорените прашања делејќи го идентитетот на намислен и вистински. Лидија Димковска зборува за сивата неприпадност и бездушноста која е предзнак на пустелијата, вовлечена во нашето секојдневие.
- Исклучително актуелен, исткаен со препознатливиот комплексен и сигнификантен стил на оваа голема накедонак писателка, ова е еден од најубавите романи во македонската проза, овенчан со најголемата книжевна награда во земјата, се наведува во прилогот на најавата за промоцијата на романот „Единствен матичен број“.
На промоцијата ќе присуствуваат авторката Лидија Димковска и Катерина Богоева, претставничка на фондацијата „Славко Јаневски“.са/вг/
Фото: плакат