• среда, 17 декември 2025

Промоција на книгата „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков

Промоција на книгата „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков

Скопје, 16 јуни 2025 (МИА) - Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје денеска ќе биде промовирана поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков во издание на „Фуснота“.

Како што е најавено, промоторка на книгата е проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, главен уредник е Маја Којчева Величкова, лектурата е на Елизабета Коневска, дизајнот на корицата го изработи Мите Спасовски, а извадоци од романот ќе чита Светла Јакшиќ.

Книгата е објавена со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.бт/са/

Фото: корица

Остани поврзан