• среда, 25 декември 2024

Промоција на истражувачка студија за функционалноста на системот за управување со кризи

Промоција на истражувачка студија за функционалноста на системот за управување со кризи
Скопје, 15 јули 2022 (МИА) - Факултетот за безбедност - Скопје денеска ќе ја промовира истражувачката студија „Анализа на кризната состојба и справувањето во Република Северна Македонија низ призма на функционалноста на системот за управување со кризи и заштита и спасување“.
Како што информираат од канцеларијата на Деканот на Факултетот за безбедност, од 11 часот во просториите на факултетот свои обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директор на Дирекција за заштита и спасување, Беким Максути, деканот на Факултетот за безбедност - Скопје, професор д-р Никола Дујовски,  како и професори и автори на студијата. ар/сп/

Остани поврзан