• вторник, 24 декември 2024

Промоција на дизајнери „Лаб дизајн маркет“ - четири брендови ќе ги изложат рачно изработените колекции

Промоција на дизајнери „Лаб дизајн маркет“ - четири брендови ќе ги изложат рачно изработените колекции

Скопје, 8 јуни 2024 (МИА) – Во изложбениот салон и заедницата на македонски дизајнери и занаетчии „Лаб дизајн маркет“, денеска во 12 часот започнува промоција на нови дизајнери, кои месецов ќе се приклучат на досегашната понуда на маркетот. Четири сосема нови брендови ќе ги понудат своите рачно изработени колекции.

Како што соопштуваат од „Лаб дизајн маркет“, брендовите кои ќе бидат промовирани се „Мус“, зад кој стои Сандра Георгиева, а е препознатлив по рачната изработка на мокасини од кожа за најмалите од 0 до 2 годишна возраст, „Дана Андо“ на дипл. инж. архитект Даниела Хаџиќ која за првпат ја претставува „Артифициелната шума“ - колекција на рачно изработени масички од разни видови дрво, „Solar Creations“ на Јоланда Попоска, челични и алуминиумски парчиња накит исплетени во прастарата техника наречена оклоп (chainmail). Маја Танева создава линеарни скулптури од челични јажиња со кои го остава својот печат на уникатност на нашата сцена. ра/ев/

Фото: „Лаб дизајн маркет“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан