Промоција на Глобална македонска фондација „Вечна“ во Скопје
- Во Музејот на македонската борба денеска ќе се одржи промоција на новата културно-научна фондација насловена Глобална македонска фондација „Вечна“ во Скопје. Фондацијата е замислена како мост на соработка меѓу науката, македонските иселеници и бизнис заедницата.

Скопје, 15 мај 2025 (МИА) - Во Музејот на македонската борба денеска ќе се одржи промоција на новата културно-научна фондација насловена Глобална македонска фондација „Вечна“ во Скопје. Фондацијата е замислена како мост на соработка меѓу науката, македонските иселеници и бизнис заедницата.
-Фондацијата е посветена на зачувување и промовирање на македонската историја, култура и идентитет преку истражување, образование и стратешки иницијативи. Целта на Фондацијата, меѓудругото е и стипендирање и финансиска поддршка на млади истражувачи и научници, како и поддршка на културни иницијативи и проекти, се вели во соопштението на организаторите.бт/лв/
Фото: Фејсбук на Глобална македонска фондација