• четврток, 17 октомври 2024

Промоција на „Аферата „Двојник“ - лажни пасоши“ од Михајло Маневски

Промоција на „Аферата „Двојник“ - лажни пасоши“ од Михајло Маневски

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“, точно напладне ќе биде промовирана книгата „Аферата „Двојник“ - лажни пасоши“ од Михајло Маневски. Авторот прави правна анализа за издадените 218 пасоши со лажен идентитет, соопштија утрово од издавачката куќа „Матица“.

- Во заклучоците и препораките, тој констатира дека овој тежок и организиран криминал од светски размери, во суштина, сѐ уште не е целосно отворен. Всушност, тој е повеќе прикриен отколку откриен случај со огромни штетни последници. Оваа афера претставува тешка повреда за заштита на тајноста на личните податоци и нивната сигурност, како основни човекови права и слободи гарантирани со Уставот. Целиот случај беше сведен на одговорност на службени лица од понизок ранг, на помлади референти и советниици, евидентичари и администртивни службеници, без одговорност на ниту едно лице од повисок ранг во раководните структури во Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението.

За изданието ќе говори публицистот Сотир Костов.

Михајло Маневски е поранешен министер за правда. Автор е на стручни и научни трудови и учествувал на државни и меѓународни конференции во врска со владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата. бд/са/

Фото: „Матица“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан