• сабота, 23 ноември 2024

Промоција на анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија во 2020

Промоција на анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија во 2020
Скопје, 8 февруари 2021 (МИА) - Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за демократија денеска ќе одржат онлајн настан на Зум платформата, со почеток во 10 часот, за промоција на два истражувачки трудови на тема „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија“ (2014 – 2020)  и  „Политички тобоган – Година исполнета со пресврти за Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“. Промоцијата на истражувачките трудови ќе биде модерирана од Иван Николовски, истражувач во Центарот за европски интеграции при Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје. Настанот ќе го отворат Марко Трошкановски,  претседател на Институтот за демократија и Даниел Браун, директор на канцеларијата на фондацијата Конрад Аденаур во Скопје. Автор на првиот труд е Иван Дамјановски, додека вториот труд е резултат на коавторство на Иван Николовски и Мари Јеленка Кирхнер. ки/ац/

Остани поврзан