• петок, 26 јули 2024

Променливо облачно со умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец

Променливо облачно со умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец
Скопје, 6 декември 2020 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, на места засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 14 степени. Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (над 35 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег.

Остани поврзан