• вторник, 23 јули 2024

Променливо облачно со умерен ветер од северозападен правец

Променливо облачно со умерен ветер од северозападен правец
Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно, претпладне во западните и северните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од пет до 15 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура ќе достигне до 10 степени. Во четврток ќе биде суво и посончево. Под влијание на влажен бран во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Остани поврзан