• среда, 26 февруари 2025

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - Времето денеска во државата ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Според УХМР, следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. вг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан