• недела, 28 јули 2024

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Скопје, 3 мај 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Според најавите од Управата за хдирометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Утре ќе дува засилен северен ветер. вј/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан