• четврток, 29 август 2024

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд проследени со појава на ретки грмежи

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд проследени со појава на ретки грмежи
Скопје, 13 април 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2), проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје  променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 16 степени. Во среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи. Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.

Остани поврзан