• понеделник, 22 јули 2024

Променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи
Скопје, 28 мај 2021 (МИА) - Променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен ветер претежно од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 21 до 28 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи особено претпладне. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 13, а максималната ќе достигне до 23 степени. Во сабота и во недела во поголем дел од денот ќе биде стабилно, а нови пообилни врнежи се очекуваат во првите два дена од следната седмица. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.

Остани поврзан