• вторник, 27 август 2024

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди
Скопје, 15 април 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините во северозападните делови повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје  умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 14 степени. Од петок попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, со променлив интензитет. Во понеделник се очекуваат обилни врнежи на повеќе места.

Остани поврзан