• сабота, 06 декември 2025

Промена во системот на натпревари кај женските ракометни клубови

Промена во системот на натпревари кај женските ракометни клубови

Скопје, 14.јули 2025 (МИА) - Од сезона 2025/2026, се формира нов систем на натпреварување во женската ракометна лига. Првите 8 (осум) екипи согласно пласманот од натпреварувачка сезона 2024/25 ќе се натпреваруваат во Супер женска ракометна лига, останатите 7 (седум) екипи ќе се натпреваруваат во Прва женска ракометна лига. Ова е одлука што ја донесе Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија. 

Осумте екипи во Супер лигата се: Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Чаир, Куманово, Вардар, Астибо, Спартак и Пелистер, додека во Првата лига седумте екипи се: Деспина, Овче Поле Славјански Универзитет, Ѓорче Петров 2, Стружанка, Шампион, Атлетик и Јехона.

Екипите ке се натпреваруваат во дво-кружен систем (2х домаќин, 2х гостин) вкупно 28 кола во двете лиги.

Со тоа се зголемува бројот на квалитетни натпревари и ривалитетот на екипите со приближно ист квалитет што доведува до подобрување и подигнување на квалитетот на женската ракометна лига.   мн/

Фото: МИА

Остани поврзан