• вторник, 24 декември 2024

Проекција на идниот собраниски состав: ВМРО-ДПМНЕ - 59 пратеници, ДУИ - 19, СДСМ - 18, Вреди - 13, Левица - 6, ЗНАМ - 5

Проекција на идниот собраниски состав: ВМРО-ДПМНЕ - 59 пратеници, ДУИ - 19, СДСМ - 18, Вреди - 13, Левица - 6, ЗНАМ - 5

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) - Според проекциите на ДИК, од досега преброените гласови Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ во идниот 120 член собраниски состав би имала 59 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ 19 мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 18, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 13, Левица 6 Движење ЗНАМ – За наша Македонија пет пратеници.

Во првата Изборна единица Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 10 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 3 мандати, Левица, коалицијата Европски фронт на ДУИ и Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ по 2 пратеника и Движење ЗНАМ – За наша Македонија еден пратеник.

Во Изборната единица 2, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 9 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ четири мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 3 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 2 мандати, додека Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во третата Изборната единица, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 14 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 4 мандати, а Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во ИЕ 4, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 13 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 5 мандати, додека Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во петтата изборна единица, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 10 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ – 4 мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 3 мандати, Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во ИЕ 6 коалицијата Европски фронт на ДУИ би имала девет мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 7 пратеници, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ 3 пратеници и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ еден пратеник. аа/са/

Фото: МИА архива, принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан