• среда, 25 декември 2024

Продолжува сместувањето и тестирањето на бегалците и мигрантите на Лезбос

Продолжува сместувањето и тестирањето на бегалците и мигрантите на Лезбос
Атина, 14 септември 2020 (МИА) – За бегалците и мигрантите кои по двата пожари во кампот Мориа останаа без корв над глава, продолжува процесот на нивно сместување во новиот привремен камп, а паралелно, продолжува и нивното тестирање за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми од островот, досега се регистрирани 14 лица заразени со коронавирусот. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека ако продолжи со истиот ритам сместувањето, во следните три-четири дена ќе заврши целиот процес, а не е планирано сместување на сите 12-13 илјади бегалци и мигранти, бидејќи дел од нив веќе се смеестени на друго место. -Целта е да се обезбеди смештај за сите оние кои во овој момент немаат кров над глава. Некои се веќе во друг дел, така што не говориме за вкупниот број од 12-13 илјади колку што беа претходно, помалку се, но сепак се многу. Одиме напред секој ден, верувам дека за три четири дена ќе бидат сместени сите, ако продолжиме со овој ритам, рече Пецас. Објасни дека пред да се сместат во новиот приверемен камп, при влезот, сите бегалци и мигранти со помош на брз тест се тестираат за Ковид-19, а на оние со позитивен резултат, им се прави и молекуларен ПЦР тест. ср/сд/

Остани поврзан