Продолжен рокот за пријавување на конкурсот распишан за наградите од „1. Детски Прличеви беседи“
- Од Организацискиот одбор на манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“ информираат дека рокот за учество на манифестацијата е продолжен до 22 март. Самата манифестација ќе биде одржана на 30 март, додека резултатите од конкурсите ќе бидат објавени на 25 март.
Охрид, 16 март 2024 (МИА) – Во чест на ликот и делото на Григор Прличев, а по повод 25 март 1860 година кога тој го добива лаворовиот венец и наградата за поемата „Сердарот“ како победник на конкурсот во Атина, Организацискиот одбор на манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“ распиша неколку конкурси за учество на ученици од основно и средно образование.
Конкурсите се однесуваат за учениците од основните и средните училишта од цела Македонија и тоа за најдобра поетска творба (две категории: основно и средно образование) на тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев, конкурс за најдобар есеј (две категории: основно и средно образование) на тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев, конкурс за најдобар рецитатор (една категорија: средно образование) со напомена да се сними видео со рецитирање на првото пеење од поемата „Сердарот“ и конкурс за најдобар оратор (една категорија: средно образование) каде говорот не треба да е подолг од 5 минути и да се испрати текстот од говорот на тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев.
Од Организацискиот одбор на манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“ информираат дека рокот за учество на манифестацијата е продолжен до 22 март.
Самата манифестација ќе биде одржана на 30 март, додека резултатите од конкурсите ќе бидат објавени на 25 март.
Творбите за учество на конкусите може да се испраќаат на електронската пошта: ohridskipoetskibiserohrid@gmail.com со податоци за името и презимето на ученикот, одделение или клас, училиште, ментор и податоци за контакт. аб/аа/
фото/МИА