• вторник, 24 декември 2024

При напад на село во Буркина Фасо убиени сто цивили и запалени нивните домови

При напад на село во Буркина Фасо убиени сто цивили и запалени нивните домови
Буркина Фасо, 5 јуни 2021 (МИА) - Вооружени лица убија 100 цивили во напад врз село во северниот дел на Буркина Фасо, соопшти владата на таа африканска земја. „Напаѓачите го извршиле нападот синоќа и ги убиле жителите на селото Солхан, а нивните домови ги  запалиле“, се додава во соопштението. Владата ги означи напаѓачите како терористи. Други детали сè уште не се објавени. паг/    

Остани поврзан