• сабота, 23 ноември 2024

Притворен познат грчки автор на детски книги поради поседување материјал со детска порнографија

Притворен познат грчки автор на детски книги поради поседување материјал со детска порнографија
Атина, 2 ноември 2022 (МИА) – Познат и наградуван грчки автор на детски книги е притворен поради поседување материјал со детска порнографија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извори од полицијата пишува дека 55-годишниот писател од интернет симнувал детски порнографски материјал, а рекол дека материјалот го симнал бидејќи сакал да напише книга во врска со детската порнографија и педофилите. Весникот „Катимерини“ објави дека писателот кој до неодамна бил раководител на детскиот оддел во голема грчка издавачка куќа, во притвор во затворот во Триполи е од 18 октомври 2022 година, а на неговиот хард диск имал над 90 видеа со детска порнографија, дел од нив со деца под 12 години. ср/сд/

Остани поврзан