• понеделник, 23 декември 2024

Се слави Денот на шегата, се бираат најдобрите маски

Се слави Денот на шегата, се бираат најдобрите маски

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Суперхерои, принцези, мали вештерки, мумии, бубамари, пчелки може да се сретнат денеска низ скопските улици, се слави 1 април - Денот на шегата. Најмладите маскирани со своите родители и наставници итаат на забавите што се приредуваат низ скопските општини. 

Натпревари за најдобра маска се одржуваат во главниот град на државава, а за најуникатните маски, предвидени се награди. Во општина Кисела Вода, за најмладите има и бесплатен рингишпил денеска, а забава приредуваат „Поточиња“.

Покрај деца, може да се видат маскирани и родители, баби, дедовци, граѓани од сите возрасти. бд/бак/

Линк до галерија

Фото: МИА

Остани поврзан