• понеделник, 29 јули 2024

Привремен прекин на сообраќајот утре на регионалниот пат Р1102, делница Велес - Градско

Привремен прекин на сообраќајот утре на регионалниот пат Р1102, делница Велес - Градско

Скопје, 7 март 2023 (МИА) - Поради изведба на пробна делница (вградување на асфалтен слој), утре од 08:00 до 16:00 часот ќе биде затворена за сообраќај Делница 4 од регионалниот пат Р1102, делот од село Ногаевци до село Виничани, информираат од АМСМ.

Привремениот прекин на сообраќајот, како што информираат од АМСМ, е во рамки на „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес - Градско“. аа/бт/

 

Остани поврзан