Приведен скопјанец, со возило удрил во сограѓанка и го напуштил местото на несреќата
- Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 79-годишната М.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје.
Скопје, 3 ноември 2025 (МИА) - Скопјанец бил лишен од слобода, откако синоќа со возило удрил во сограѓанка и го напуштил местото на несреќата.
Во 19:10 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, било пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во градот, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А., 33-годишен скопјанец, удрило во пешак.
- Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 79-годишната М.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје. Подоцна, по преземени мерки, на локалниот пат за Средно Водно е пронајден и лишен од слобода, возачот А.А.. Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, се наведува во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи. бд/вј/
Фото: МИА архива