• недела, 13 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата

Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата

Скопје, 17 април 2025 (МИА) - Полициски службеници вчера во Кичево го привеле Е.З.(28), кој прво со закана со остар предмет сопрел такси возило и му се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени. Потоа нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет, соопшти МВР.

Подоцна, откако бил приведен, во службени простории на ОВР Кичево Е.З. физички нападнал и полициски службеник. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан