• вторник, 10 март 2026

Приведен насилник во Скопје, пукал од пиштол кон сопругата и ги малтретирал ќерките

Приведен насилник во Скопје, пукал од пиштол кон сопругата и ги малтретирал ќерките

Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 00:40 часот, на подрачјето на Кисела Вода, го лишиле од слобода Б.С.(55) од Скопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја нападнал 24-годишната ќерка. 

Како што информира МВР, според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што отишол кај 24 и 18-годишната ќерка, им се заканувал и физички ја нападнал 24-годишната ќерка.

-Како што е пријавено, тој насилното однесување го повторил околу 22:30 часот на 05.03.2026, при што повторно со пиштол се заканувал на сопругата, но бил спречемн од ќерките да не го употреби.  Б.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. вј/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан